И покрај затворената граница, на Табановце сепак пристигаат економски мигранти

Сподели со своите пријатели

 

Loading...

Иако јужната граница на Македонија е затворена за проток на економски мигранти од држави кои не се зафатени со воени дејства, на северната граница сепак пристигаат мигранти кои се упатуваат кон државите од Европска Унија.

Имено, како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, пред два дена, во прифатниот бегалски центар Табановце, тимовите на Итната медицинска помош пружиле здравствена заштита на двајца мигранти од Мароко кои на преминот биле третирани со ампуларна терапија.

Регионалниот центар не наведува останати детали за тоа дали мигрантите се задржани на премин или се вратени на Гевгелија, односно во Грција од каде се транспортираат назад.

Јавната здравствена установа ЦЈЗ Куманово информира дека во изминатото деноноќие, од страна на ДДД службите е извршена дезинфекција на четири вагони со вкупна површина од 800 м2 како и дезинфекција на просторот и објектите во пунктот за помош на мигранти – Табановце, со вкупна површина од 1600 м2.

Центарот за јавно здравје воедно информира дека согласно испитуваниот примерок на водата за пиење на Табановце, добиените резултати покажуваат дека водата може да се користи согласно прописите за безбедност.