И до милион долари: Украина ќе им плати на руски војници кои ќе пребегаат со опрема

Сподели со своите пријатели

Врховната рада на Украина ја одреди наградата за доброволно предавање на воената опрема на Руската Федерација на украинските воени сили.

Loading...

Според веб-страницата на парламентот, наградите за предадената опрема на освојувачот ќе бидат:

 

Зеленски: При повлекувањето Русите ги минираат и телата на загинатите

 

– за борбени авиони / брод од 1 или 2 ранг – 1 милион долари;

– за борбен хеликоптер / брод од ранг 300 или 400 – 500 илјади долари;

– за воени (помошни) бродови за поддршка – 200.000 долари;

Loading...

– за тенк, копнена артилерија (самоодни) – 100 илјади долари.

 

САД ќе испратат уште 300 милиони долари оружје во Украина

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија

Во образложението на документот се наведува дека на војниците на вооружените сили, на другите структури на моќ на Русија и на други категории на лица им се нуди компензација за руската воена опрема погодна за употреба, која доброволно им била префрлена на вооружените сили на Украина.

Се прецизира и дека трошоците од буџетот за спроведување на предлог-законот ќе бидат „неспоредливо помали од трошоците за набавка на слична опрема што ќе биде корисна во одбрана на државата“.