Хуавеј засега ги избегна американски санкции

Сподели со своите пријатели

Хуавеј се најде во немилост на американските институции, што доведе до падот на акциите на овој технолошки гигант. Сепак, можноста за губење на пристапот до Андроид системот и апликациите е привремено елиминирана.

Loading...

Претходните денови главна вест беше дека Гугл ја прекинува соработката со кинеската ИТ компанија. Губењето на право за ажурирање на оперативниот систем, невозможноста за користење на Гугл апликациите и недостаток на Гугл плеј сервисот се само некои од стравовите за сопствениците на Хуавеи уредите. И додека се уште траат нагодувањата што се ќе биде скратено, американските органи одлучија да реагираат.

По објавата за престанок на соработката, американските власти сепак ги суспендираа рестрикциите затоа што на овој начин најмногу штета ќе имаат корисниците. Засега Хуавеј ќе може да ги купува американските производи за да ја задржи моменталната мрежа и да овозможи ажурирање на софтверите за постоечките Андроид уреди.

Администрациите се одлучиле за ваков чекор за да ја задржат постоечкат амрежа и да се спречат уривање на сустемот на кој се ослонува Хуавеј технологијата. Лиценцата трае до 19 август по што веројатно повторно ќе се одлучува за продолжувањето.

И покрај одложената забрана, тоа не значи дека на компанија и е овозможено да купува компоненти од американските произведувачи потребни за правење на нови производи. За тоа ќе им биде потребна посебна дозвола, која веројатно нема да ја добијат.

Хуавеј се наоѓа во немилоста на претседателот Доналд Трамп и неговата администрација поради учество на компанијата во аквитности кои не се во рамките со наицоналната безбедност и интересите на надворешната политика. Поради тоа компанијата одамна се подготвува за најлошото сценарио. Директорот на компанијата Рен Женгфеи изјави дека акциите на Американците не ги реметат плановите на компанијата.

– Со своите активности американската администрација ги подценува нашите способности, изјавил тој за CCTV. Додал дека компанијата е повеќе од способна сама да си произведува чипови кои моментално ги купува од САД. Сепак, то ане значи дека ќе престане да го купува американскиот хардвер. Секако, се зависи од понатамошниот развој на ситуацијата.

Кинескиот ИТ гигант уште претходно најави дека подготвува сопствен оперативен систем во случај да има стопирање на соработката со Гугл.

Loading...

Фото: printscreen YouTube BBC Click

Leave a Reply