Послаб земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава во 6 часот и 10 минути го потресе островот Паг.
Епицентарот на земјотресот бил четири километри југоисточно од градот Паг, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.
Магнитудата на земјотресот била 3,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот III-IV според EMSC скалата.