Губењето на косата е чест проблем кај жените. Нема дама која барем еднаш во животот не била конфронтирана со овој непријатен проблем. Косопастот може да се должи на многу нешта – стрес, промена на годишните времиња и така натаму.
Ако во моментов вие се борите со прекумерното паѓање на косата, пробајте да се справите со проблемот на сосема природен начин и потрпрете се на храната.
Всушност сè што треба да направите е да акцентирате на некои одредени видови храна.Промената во исхраната може да биде лесен начин да се справите со опаѓањето.
Еве и кои се храните, кои гарантираат здрава коса и го спречуваат опаѓањето. Не ги заборавајте, кога се храните!
1. Лосос. Лососот е богат со омега-3 масни киселини, кои ја претвораат во една од најдобрите храна која го спречува губењето на косата.Храната која содржи омега-3 масни киселини, не се само добра за вашиот мозок, но исто така и за вашата коса. Други соодветни храна се: туна, ореви и кељ.
2. Спанаќ. Овој лиснат зеленчук е полн со витамини, антиоксиданси и минерали кои го прават идеален за спречување на опаѓањето. Спанаќот исто така го помага варењето, како и ги негува очите и коските. Изненадувачки, спанаќот всушност е поздрава, кога е зготвен или направен на сок. Значи обидувајте да јадете спанаќ на различни начини, не само во салата.
3. Овес. Кашата е идеалнна за доручек, но освен тоа таа е и една од помалку познатите видови храна, кои се борат со опаѓањето. Овесот е добар извор на храна на биотин – витамин кој има одличен ефект врз косата и здравјето на скалпот.Придобивките од овесот сепак не завршуваат со тоа – тој помага да го совладате апетитот, подобрите имунолошкиот систем, како и за контролирање на крвниот притисок.
4. Моркови. Портокаловиот зеленчук помага за одржувањето на масла кои го поддржуваат скалпот. Овие масла се особено важни, кога човек има проблем со опаѓањето. Морковите содржат витамин А, а неговиот дефицит се поврзува со исчезнување и губењето на косата.Исто така може да се добие здрава доза бета-каротен од слатките компири, манго и тиква.
5. Леќа. Леќата е друг добар извор на есенцијални витамини и минерали кои се од клучно значење за спречување на губење на косата. Ако сте веган или вегетаријанец, консумирајте повеќе леќа и грав. Обидете исто така со тофу, јогурт или кикирики.