Хорор во теретана: Девојка се сепна на лента за трчање, падна низ прозорец и загина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Млада жена починала кога паднала од прозорец на третиот кат откако се сопнала на лента за трчање.

Loading...

На снимката од надзорната камера се гледа застрашувачкиот момент од несреќата што се случи во Понтијанак, Индонезија.

Овој инцидент укажува на потребата од построги безбедносни мерки во спортските сали.

Положбата на лентата за трчање, која се наоѓала на само 60 сантиметри од прозорецот, била исклучително опасна.

22-годишна жена одела на лента за трчање кога се сопнала и паднала низ отворен прозорец.

Таа се обидела да се фати за страната на прозорецот, но не можела.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Не прислушкуваат ли телефоните? Направете го овој тест и ќе го добиете одговорот!

Била пренесена во болница со тешки повреди на главата, но лекарите не успеале да ѝ го спасат животот.

Локалните медиуми јавуваат дека жената дошла во теретана со своето момче и помладата сестра.

Loading...

Нејзиното момче ја замолило да вежба со него на вториот кат, но таа сакала да вежба на лентите за трчање на третиот кат.

По фаталниот пад, теретаната му се извини на семејството на жената и затвори на три дена.

Единицата за криминалистичка истрага на градската полиција Понтијанак моментално го истражува инцидентот.