Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

Сподели со своите пријатели

Страв и ужас во неделата наутро за станарите, кои не можеа да поверуваат дека момчето од приземјето на нивната зграда е убиено.

Loading...

Страв и ужас во Австрија.

Австријците се згрозени од веста дека 29-годишна мајка го избодела до смрт својот 4-годишен син со нож во неделата наутро во 7 часот и 30 минути во Виена.

Особено станарите од зградата во виенскиот 11-ти станбен кварт Фаворитен, каде што се случи злосторството.

Според медиумите, осомничена за убиството на момчето е мајката на момчето, 29-годишната Елифнур О., со турско потекло, која работела како помошничка во градинка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

Соседите и нејзината најдобра пријателка за неа зборуваат како „мајка полна љубов“. Никој не разбира што се случило кога мајката кренала рака на сопственото дете?

За време на убиството во станот бил и сопругот на 29-годишната жена. Тој повикал брза помош и полиција, која исто така била шокирана кога го пронашла телото на момчето облеано во крв.

Според „Хејте“, по пристигнувањето на полицијата, таткото на момчето облеан во крв од очајничките обиди да го спаси синот, недолго потоа колабирал, липајќи на скалите.

Loading...

По полицијата на местото на злосторството пристигнале форензичари, а на крај возилото на погребалното друштво со ковчегот на детето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

Страв и ужас во неделата наутро за станарите, кои не можеа да поверуваат дека момчето од приземјето на нивната зграда е убиено.

„Неутешни сме! Срцата ни се скршени што ова слатко детенце е мртво. Со часови се надевав дека е несреќа“, плачела Хасрет Д. (34), добра пријателка на Турчинката осомничена за убиство, пренесува Вечерњи.