„Холандски Трамп“: Кој е Герт Вилдерс и што сака?

Сподели со своите пријатели

Екстремно десничарскиот политичар Герт Вилдерс, победникот на неодамнешните парламентарни избори во Холандија, долго време е еден од најнепрепознатливите холандски претставници во земјата и во странство, а е познат по неговата остра кампања против имиграцијата, Европската унија и исламот, пишува Politico.

Loading...

Вилдерс сега е во позиција да стане нов премиер на Холандија, по победата на општите избори и се што треба да се направи е да се убедат потенцијалните коалициски партнери во другите партии да соработуваат со него, пренесува Танјуг.

Вилдерс, кој го нарекуваат „холандскиот Трамп“, ја започна својата политичка кариера во 1998 година како претставник на Народната партија за слобода и демократија (ВВД), кога беше ментор на младиот Марк Руте (холандскиот премиер во заминување) по што ја напушти партијата во 2006 година и ја основа Партијата на слободата (ПВВ).

Вилдерс е познат по својата запалива реторика – тој го опиша исламот како „тоталитаристичка идеологија“, а Мароканците ги нарече „ѓубриња“.

Министерката Сигрид Каад ја нарече „вештерка“

Тој објасни дека неговата одбивност кон исламот била поттикната од убиството на антиисламскиот филмски режисер Тео ван Гог во 2004 година, како и од времето што го поминал на кибуц во Израел.

Во предизборната кампања тој се залагаше за забрана на Куранот, џамиите и сите исламски училишта, како и забрана за носење исламски шамии во владините згради во Холандија.

Пред неколку години беше осуден за навреда на група луѓе врз основа на нивното потекло, откако во 2014 година изјави дека во Холандија треба да има „помалку Мароканци“.

Тој е склон кон брутални напади врз политичките противници, пишува Politico и наведува дека Вилдерс ја нарекол министерката за финансии во заминување Сигрид Каад „вештерка“.

Loading...

Антиисламската реторика го направи мета на луѓе со екстремни ставови, поради што веќе две децении живее во разни безбедни куќи и има постојана полициска заштита.

Главното предизборно ветување на Вилдерс беше да се запре „цунамито на барателите на азил“, кое тој го обвини за различни социјални проблеми во Холандија, вклучувајќи го и недостатокот на станови и високите здравствени трошоци.

Тој повика на укинување на азилот за бегалците и слободно движење на работната сила во рамките на ЕУ, предлагајќи воведување работни визи.

Истовремено, тој сака да се укине привремениот азил за Сиријците, а криминалците да бидат депортирани и да им се одземе холандското државјанство.

Евроскептикот повика Холандија да ја напушти Унијата

Вилдерс е критичен и кон климатските научници и тврди дека холандската влада потрошила премногу пари за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Се залага електраните на јаглен и гас да останат отворени и предлага да се прекине изградбата на соларни паркови и ветерни турбини, како и да се повлече Холандија од Парискиот климатски договор.

Наместо тоа, тој смета дека е неопходно да се прилагоди на климата и предлага зајакнување на насипите и инвестирање во проекти кои би овозможиле повремено излевање на реките.

Кога станува збор за односот кон ЕУ, Вилдерс е евроскептик и постојано повикува на референдум за излегување на Холандија од Унијата („Нексит“).

Loading...

На Вилдерс за победата му честитаа политичките пријатели Марин Ле Пен од Франција и унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Резултатите од холандските избори во Киев беа дочекани со загриженост, пишува Politico.

Вилдерс претходно го пофали рускиот претседател Владимир Путин и ја критикуваше „хистеричната русофобија“ во Европа, но од почетокот на руската инвазија на Украина, тој донекаде се огради од Кремљ, велејќи дека нападот бил грешка.

Но, во една од последните предизборни дебати, тој рече дека нема да поддржи испраќање повеќе пари и оружје во Украина, бидејќи, како што наведе, овие ресурси ѝ се потребни на холандската армија.

Победникот на холандските избори силно го поддржува Израел и е за преместување на холандската амбасада од Тел Авив во Ерусалим, како и за затворање на дипломатското претставништво во Рамала, седиштето на палестинската управа.

Коалициска влада со уште две-три партии

Откако палестинската вооружена група Хамас го нападна Израел на 7 октомври, Вилдерс рече дека „Израел се бори за своето постоење против силите на омразата, варварството и тероризмот“.

Партијата на слободата на Вилдерс освоила 25 отсто од гласовите на изборите, што е многу во холандскиот изборен систем, наведува порталот, но додава дека тоа е недоволно за мнозинство во парламентот и дека ќе мора да формираат коалициска влада со две или три други партии.

Во својот победнички говор, тој ги повика другите партии да се „вклучат конструктивно“ во коалициските преговори и навести дека ќе биде подготвен на компромис за антиисламската политика заради формирање влада.

Loading...

„Добро разбирам дека партиите не сакаат да бидат во коалиција со партија која сака противуставни мерки. Нема да зборуваме за џамии, за Куранот и за исламските училишта“, рече Вилдерс.