Холандија: Судир на траект и водено такси, двајца загинати

Сподели со своите пријатели

Две лица загинаа, а две се водат за исчезнати во судир на траект и водено такси во Ваденското Море во близина на островот Тершелинг на северозападот на Холандија, соопшти службите за итни случаи.

Loading...

Фериботот превезувал 27 патници и членови на екипажот, додека во помалото водно такси имало осум лица, кои од силината на ударот завршиле во морето, пренесува АП.

Несреќата се случила околу 7:15 часот по локално време. Причината засега не е позната, а истрагата е во тек.