Холандија ќе им нареди на компаниите да не плаќаат за гас во рубљиж

Сподели со своите пријатели

Холандската влада ќе издаде наредба до компаниите да не го плаќаат рускиот гас во рубљи, што го предложи Москва, бидејќи со тоа би биле прекршени санкциите на Европската унија, изјави денеска портпаролот на Министерството за економски прашања.

Портпаролот рече дека Холандија го усвоила тој став по вчерашната одлука на Европската комисија и дека за тоа ги известува енергетските компании.

 

И Трамп руската инвазија ја нарече геноцид

 

„Она што се смени е дека ЕК вчера заклучи дека плаќањето во рубљи би било кршење на санкциите, како и отворање сметка во Газпромбанк“, додаде портпаролот, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трошоците за Брегзит до 2035 година ќе бидат 311 милијарди фунти

Во март, Москва предложи купувачите на нејзините енергетски производи да отворат сметки во Гаспромбанк, каде плаќањата во евра или долари ќе се претвораат во рубли.

 

 

Русија: Контролен пункт во областа Брјанск беше цел на напад од Украина

 

Холандската влада нема никакви договори со самиот Гаспром, а претходно изјави дека купувачите на гас на пазарот треба да се однесуваат како што мислат дека треба.

Холандските компании кои имаат договори за купување руски гас, вклучително и енергетската компанија Енеко и државната трговска компанија ГасТера, рекоа дека нивните договори со Гаспром се склучени во евра и дека плаќањата ќе се вршат исклучиво во таа валута.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија се обидува да го прикрие видеото од украинскиот напад врз рафинеријата