Како што информираат од Секторот за хидрологија при УХМР, хидролошките прогностички модели на EFAS и насоките за поројни поплави добиени од FFG Системот најавуваа аларми за излевања на водотеците во регионот на Шара, Гостиварско, Кичевски, Тетовско, Мавровско, Кумановско поради можни излевања на водотеците.
Loading...
Секако овие води ќе предизвикаат покачување и на долните текови на реките од посочените сливни подрачја. Внимателно и на места каде има градежни работи, особено во центарот на Скопје, се вели во соопштението на Секторот за хидрологија.