Хибрид меѓу волк и куче усмрти тримесечно бебе, семејството го чувало како милениче

Сподели со своите пријатели

Федералниот закон во САД ги класифицира хибридите како домашни животни, така што поседувањето како домашно милениче е легално.

Loading...

Едно семејство во градот Челзи, во државата Алабама, за домашно милениче чувало хибрид волк-куче, кое го усмртило нивното тримесечно дете, соопшти полицијата.

Ветеринар го еутанизирал животното на местото на настанот, потврди Канцеларијата на шерифот на округот Шелби.

Градоначалникот Тони Пиклесајмер ја нарече смртта на детето „несреќна и трагична“, пишува Би-Би-Си.

„Потврдено е дека едно од нашите деца овде во Челзи е убиено од егзотично милениче и дека детето им подлегна на повредите вчера попладне откако беше пренесено во болница“, рече градоначалникот.

Сè се случило на 30 ноември, кога околу 13 часот по локално време била повикана полиција во семејниот дом поради напад на животно.

Детето потоа било пренесено во болница, каде било констатирано дека е мртво поради повредите здобиени во нападот.

Полицијата го опиша животното како „хибрид волк-куче“ што семејството на бебето го чувало како домашно милениче.

Loading...

Оттаму додаваат дека продолжуваат да ги истражуваат околностите кои довеле до смртта на детето.

Градоначалникот Пиклесајмер изјави за Си-Би-Ес дека во куќата во моментот на инцидентот имало и други деца.

Ова не е прв случај хибрид куче-волк да убие дете

Имено, сличен инцидент се случи и во 2018 година кога осумдневно бебе почина откако беше нападнато од хибрид волк-куче.

Според Меѓународниот центар за волци во Минесота, хибрид волк-куче е потомство на домашно куче и волк што се пареле.

„Овие два вида се меѓуплодни, што значи дека можат да се вкрстуваат и да дадат одржливо потомство“, наведува Центарот на својата веб-страница.

„Со други зборови, волците можат да се парат со кучињата, а нивното потомство може да произведе свое потомство“, напишаа тие.

Жизел Нарваз Ривера, кустос за волци во Меѓународниот центар за волци, објасни дека често ги мешаат со волк-куче, кои се домашни кучиња со потекло од волк повисоко од вообичаеното.

Таа додаде дека хибридите се многу поретки во САД од волк-куче.

Loading...

Дали тие се добри домашни миленици или не е предмет на многу спорови.

Малку луѓе успешно чуваат хибриди како домашни миленици, според Меѓународниот центар за волци, а колку е поголем процентот на гени на волкот кај животното, толку е помала веројатноста да се чува како домашно милениче.

Илјадници од нив се напуштаат во САД секоја година бидејќи луѓето купуваат животно за кое не се подготвени да се грижат.

Нарваз рече дека поседувањето хибрид волк-куче како домашно милениче може да биде предизвик поради нивното сложено и непредвидливо однесување.

„Ако сакате да го направите тоа, мора да земете предвид толку многу работи, особено ако имате деца“, објасни Нарваес Ривера.

Федералниот закон во САД ги класифицира хибридите како домашни животни, така што поседувањето како домашно милениче е легално.

Сепак, повеќето американски држави имаат свои закони кои го регулираат одгледувањето и сопственоста на таквите животни, кои понекогаш се разликуваат по окрузи.

Неколку држави, како што се Илиноис, Мичиген и Њујорк, ги забранија хибридите волк-куче како домашни миленици.

Loading...