Хезболах повторно се закани: Доаѓа одмазда за Израел за убиството на воениот командант

Сподели со своите пријатели

Заменик-лидерот на Хезболах, Наим Касем, денеска повторно предупреди дека групата ќе му се одмазди на Израел за убиството на воениот командант Фуад Шукр во воздушен напад во Бејрут пред две недели.

Loading...

– Донесовме одлука за одмазда и оваа одлука ќе биде спроведена – рече Касем.

Тој посочи дека посетата на американскиот пратеник Амос Хохштајн на Бејрут во средата, кога Хохштајн повика на договор за Газа и спречување на поширока ескалација, била „за шоу“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нема основна стратегија

– Американците сакаат да кажат дека нешто прават, но има вакуум – изјави Касем за телевизискиот канал Ал-Манар, тврдејќи дека Хохштајн не понудил „никакви клучни предлози“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Галант: Времето за договор со Хезболах истекува

Либанските медиуми вчера објавија дека владата дала првично одобрение за регрутирање на 1.500 дополнителни војници, наводно за распоредување во јужен Либан во согласност со Резолуцијата 1701 на ОН.

Таа резолуција на Советот за безбедност на ОН беше усвоена на крајот од Втората либанска војна во 2006 година меѓу Израел и Хезболах и забрани распоредување на какви било вооружени сили освен либанската армија јужно од реката Литани.