Хеви метал музиката помага при психички заболувања, тврдат научниците

Сподели со своите пријатели

Нова студија покажала дека слушањето хеви метал помага во борба со негативните емоции кои одат со депресијата и анксиозноста.

Loading...

Лих Шарман од Универзитетот во Квинселд се занимава со истражување на влијанието на музиакта врз општеството и таа по работа со 39 лица на возраст од 18 до 34 години утврдила дека слушањето хеви метал влијаело на нив да бидат посмирени и попозитивни.

Таа изјавила дека метал музиката имала неочекувано влијание на нејзините испитаници.

– Утврдивме дека токму таа музика го намалува нивото на стрес и негативните емоции како што се тага, а предизвикува истовремено позитивни чувства.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

Неа ја интересирало како металот, кој важи за агресивна музика ќе влијае на испитаниците кога се гневни. Резултатот исто така бил неверојатен.

– Кога сте гневни и слушате гласна музика, тоа ќе се поклопи со вашата емотивна состојба и ќе ги неутрализира негативните емоции наместо да ги засили, вели таа.

Loading...

Секој учесник 16 минути зборувал за своите емоции, потоа слушал 10 минути музика по желба, а потоа десет минути минувал во целосна тишина.

Шарман тврди дека испитаниците кои претходно покажувале знаци на нервоза и стрес, биле многу помирни и попријатни.

– Тие исто така тврдеа дека слушањето таква музика ги прави многу посреќни и дека им помага да се опуштат. Исто така, депресивните поединци не можеа да слушаат среќна музика, бидејќи ги чини само понесреќни, додава таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планирате летување во Грција? Ова се цените што ве чекаат летово!

Иако многу металци го тврдат ова со години, досега немало научна потврда. Напротив, многу истражувачи тврдеа дека меѓу металот и анскиозноста и депресијата постои директна врска.

Шарман сепак вели дека добиените резултати не се дефинитивни.

– Се уште не можеме со 100 отсто сигурност да кажеме дека добиените резултати се поврзани со музиката која ја слушале, вели таа.

Исто така, испитувањето било направено на група која, претежно ја сочинувале поединци, кои се родени во развиени земји или изразнати во нив, така што не може, се уште да се донесе апсолутен заклучок за овој феномен. Сепак, слушањето метал музика, можеби не е лековито, но очигледно е добро за вашето здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како да заштедите струја додека подготвувате храна во рерната?

Leave a Reply