Харис оди да се сретне со азиско-пацифичките лидери поради Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Камала Харис ќе се сретне со лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Нов Зеланд и Канада откако Северна Кореја лансираше интерконтинентална балистичка ракета, соопштија американски дипломатски извори.

Loading...

Камала Харис ќе разговара во Бангкок, на маргините на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), со лидерите на тие пет земји за лансирањето на ракетата од Северна Кореја.

На средбата ќе присуствуваат премиерите на Јапонија Фумио Кишида, Јужна Кореја Хан Дук-су, Австралија Ентони Албанезе, Нов Зеланд Џасинда Ардерн и Канада Џастин Трудо.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг рано утринава лансирал интерконтинентална балистичка ракета, додека јапонските власти соопштија дека проектилот паднал во нејзините води и има дострел да стигне до копното на САД.

Јапонските власти го оценија како „апсолутно неприфатливо“, додека Белата куќа лансирањето ракета го нарече „дрско кршење на неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН“ и додаде дека тоа непотребно ги зголемува тензиите во регионот.

САД, Јужна Кореја и Јапонија ги интензивираа своите заеднички воени маневри во последниве месеци наспроти заканите од Северна Кореја, која ги гледа вежбите како генерална проба за инвазија на нејзина територија или државен удар.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.