ХАОС ВО МОЛДАВИЈА: Кучето на премиерката го касна претседателот на Австрија

Сподели со своите пријатели

Дипломатскиот инцидент се случи во Кишињев за време на посетата на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кога кучето на Маја Санду, Кодрут, го касна за рака виенскиот лидер кога тој се обиде да го погали.

Loading...

По инцидентот, Санду се извини на англиски јазик и објасни дека кучето се исплашило поради големиот број луѓе.

– Кучето на молдавската претседателка Маја Санду го касна прстот на австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кој пристигна во Кишињев – се наведува во описот на видеото.

Ван дер Белен на следниот состанок се појави со завој на раката.