Хамза Јусуф, новиот премиер на Шкотска: Пакистанец по потекло, муслиман и борец за ЛГБТ права

Сподели со своите пријатели

Хамза Јусуф (37) вчера е избран за премиер на Шкотска.

Loading...

Тој е првиот муслиман кој ја извршува функцијата премиер на Шкотска. Тој е лидер на Шкотската национална партија (СНП).

Откако шкотската премиерка и претседателка на СНП, Никол Старџен, поднесе оставка како премиер и шеф на партијата, Јусуф ја презеде функцијата.

Роден во Глазгов, тој во понеделникот освои 26.032 (52 отсто) од гласовите на членовите на партијата, пред неговите ривали Кејт Форбс и Еш Реган, пишува Ал Џезира.

Како што пишува истиот портал, таткото на Јусуф, Пакистанец, емигрирал во Шкотска во 60-тите години на минатиот век.

„Моите баба и дедо патуваа од Пенџаб во Шкотска пред повеќе од 60 години. Тие дојдоа во оваа земја како имигранти, едвај знаејќи збор англиски. Ниту во најлудите соништа не можеа да замислат дека нивниот внук еден ден ќе биде премиер“, ги пренесува неговите зборови Дојче веле.

Во своето прво обраќање, овој премиер се фокусираше на независноста на Шкотска, велејќи дека тоа сега е најважно.

Зара Мохамед, првата жена шеф на Муслиманскиот совет на Британија, рече дека изборот на Јусаф бил „значителен настан, не само за Шкотите, туку и за муслиманите низ Велика Британија“.

Loading...

Исто така, она што го разликува Хамза Јусуф од неговите противници е тоа што, иако тие беа против правата на истополовите бракови и абортусот, Јусуф изјави дека ќе се бори за правата на ЛГБТ луѓето, пишува Ал Џезира.

Во 2016 година, Јусаф го привлече глобалното внимание кога положи парламентарна заклетва облечен во килт, традиционален шкотски фустан, пишува Дојче веле.

Тој е пратеник во шкотскиот парламент од 2011 година и во минатото се соочуваше со критики.

Тој до неодамна беше секретар за здравство за Шкотска, во време кога се сметаше дека NHS е во криза.

Шкотска долго време има највисока стапка на смртност поврзана со дрога во Европа и најнизок животен век во Западна Европа.

Некои го обвинуваат Јусуф дека едноставно е склон кон гафови.

За време на неговата лидерска кампања, тој праша група украински бегалки, одвоени од нивните сопрузи со војна: „Каде се сите мажи?

Изборот на Јусуф значи дека владите во Шкотска, Англија и соседна Ирска сега се предводени од мажи со азиско потекло.

Loading...

Риши Сунак е британскиот премиер, додека Лео Варадкар е ирскиот премиер.