Хамас: ИДФ е виновен за смртта на Ноа Марсијано (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

ИДФ го потврди идентитетот на 19-годишната девојка, припадничка на израелската армија, која Хамас ја држеше како заложник, по видеото што го објави групата.

Loading...

„Нашето срце е со семејството Марсијано, чија ќерка Ноа беше брутално киднапирана од терористичката организација Хамас“, соопшти војската веднаш по полноќ.

Синоќа Хамас објави видео од несреќното девојче како чита порака на хебрејски во која се претставува со своето име и матичен број и вели дека четири дена е во притвор во Газа.

Видеото потоа беше прекинато, за подоцна да се прикаже телото на една млада жена.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: ЕУ мора да изврши притисок врз Израел поради војната во Газа

Бригадите Ал-Касам соопштија дека Марсијано била убиена во израелски воздушен напад на 9 ноември.

Снимката е вознемирувачка и можете да ја погледнете ТУКА.