Хамас е подготвен да ги ослободи сите заложници во замена за петгодишно примирје

Сподели со своите пријатели

Неименуван претставник на палестинската милитантна група Хамас изјави денес во Каиро дека неговата организација е подготвена за договор со Израел што вклучува ослободување на сите заложници и петгодишно примирје, објавија француските медиуми.

Loading...

„Хамас е подготвен да размени затвореници (израелски заложници за палестински затвореници) во една операција во замена за петгодишно примирје што би ставило крај на тековната војна“, изјави неименуван функционер на палестинската милитантна група, зборувајќи под услов на анонимност пред денешната средба на делегацијата на Хамас со медијаторите во Каиро, пишува парискиот весник „Монд“.

Во меѓувреме, портпаролот на Палестинската цивилна одбрана, Махмуд Басал, објави дека спасувачките екипи успеале да ги извлечат телата на четири мртви лица и пет ранети по израелскиот напад во окупираната палестинска енклава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен и дрон од истокот

„Целта на израелскиот напад беше станбена куќа јужно од градот Газа. Под урнатините има повеќе од 30 луѓе до кои нашите тимови не можат да стигнат поради недостаток на соодветна опрема и машини“, рече Басал, според Танјуг.