Халеви: Ќе поднесам оставка од ИДФ по истрагата за нападот на 7 октомври во јужен Израел

Сподели со своите пријатели

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Херзи Халеви денеска објави дека има намера да поднесе оставка од таа функција.

Loading...

Откако армијата ја заврши истрагата за терористичкиот напад на Хамас во јужен Израел на 7 октомври, но во исто време тој го бранеше своето право да продолжи да именува офицери на високи позиции во меѓувреме.

„На крајот на истрагата ќе донесеме лични одлуки, а командантите ќе сносат одговорност, од мене надолу.

Немам намера да одам подалеку од личните одлуки кога сликата ќе стане појасна“, напиша тој во пораката до војниците, објави „Тајмс оф Израел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Најмалку 1.060 загинати во војната со Израел

Изјавата на Халеви главно се фокусира на одбрана на неговата одлука да назначи офицери на повисоки позиции во армијата.

„Назначувањето офицери на позиции не е привилегија, туку командна и оперативна должност. ИД не може да си дозволи да ги замрзне (именувањата)“, рече Халеви.

Во неодамнешниот круг назначувања, министерот за одбрана Израел Кац одби да го одобри назначувањето на двајца офицери поради нивната потенцијална вмешаност во неуспесите што доведоа до нападот на Хамас на 7 октомври што ја предизвика војната во Газа, пренесува Танјуг.