Хакиран преносот од Зимските олимписки игри

Сподели со своите пријатели

Кој е виновен за хакерскиот напад на церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри останува тајна, но организаторите и официјално потврдија дека до нападот навистија дошло објавиEngadget.

Некој го компромитиралнтернет и телевизискиот пренос, како и податоците, кои се користени и создадени за време не отворањето на игрите во Шјонгчаг.

Секој граг од сабјер нападот е отстранет до крајот на денот на 9. февруари, одговорните, по разговор со претставниците од Меѓународниот олимписки комитет решиле причината и нападите да не се откриваат во јавноста, потврди Ројтерс.

Странските медуми шпекулираат дека зад нападот би можела да стои Русија, поради тоа што на руските спортисти им е забрането да учествуваат на ЗОИ, додека некои од медиумите сметаат дека тоа би можела да биде и Северна Кореја. Според истите медиуми Русија имала многу поголеми причини да организира сајбер напади во однос на Северна Кореја, чии спортисти се натпревауват на олимпијадата.

Ниту едно од тврдењата не е официјално потврдено.

ЗОИ во Пјонгчанг ги „спои“ Северна и Јужна Кореја, земји кои се во конфлит повеќе од половина век, откако на церемонијата се ракуваат Ким Јо Џонг, сестра на севернокрејскиот лидер Ким Џонг Ун и претседателот на Јужна Кореја Мун Џае Ин.


ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја истрела балистичка ракета

Leave a Reply