Гутереш: Светот го изневери Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека светот го изневери Мјанмар, изразувајќи надеж дека Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија ќе може да изврши притисок врз земјата-членка да се придржува до планот за решавање на кризата.

Loading...

Лидерите на Асоцијацијата (АСЕАН) вчера на годишниот самит се согласија да се приклучат на преговорите меѓу воените власти на Мјанмар и тамошната опозиција.

Индонезија, која ќе претседава со Асоцијацијата следната година, беше една од земјите кои најотворено повикаа на решение на ситуацијата во Мјанмар.

Гутереш им рече на новинарите дека верува оти индонезиската влада ќе може да има позитивно влијание.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Апокалипса во Дубаи по 160 литри дожд во еден ден (ВИДЕО)

Одлуката на АСЕАН објавена вчера вклучува барање помош од ОН и други „надворешни партнери“ за поддршка на напорите на групата.

Гутереш рече дека се надева оти специјалниот пратеник на ОН за Мјанмар, Ноел Хајзер, тесно ќе соработува со својот колега од АСЕАН за да се стави крај на „драматичното кршење на човековите права“ во Мјанмар.

„Сите го изневерија Мјанмар. Меѓународната заедница го изневери, а ОН се дел од неа“, рече Гутереш.

Мировниот план на АСЕАН повикува на итен прекин на насилството, дијалог, посредување на специјалниот пратеник на АСЕАН, хуманитарна помош и посета на специјалниот пратеник на Мјанмар на средба со сите страни.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика за оружје во Велика Британија

Владата на Мјанмар првично се согласи со планот, но направи малку напор да го спроведе.

Водачот на мјанмарската хунта Мин Аунг Хлаинг не беше поканет на самитот втора година по ред.

Неговото отсуство сведочи за недостигот на напредок во разговорите што АСЕАН се обидува да ги одржи за да се реши кризата во Мјанмар.

Мјанмар е втурнат во насилство и хаос по воениот удар во февруари 2021 година.

Членки на АСЕАН се Брунеи, Индонезија, Камбоџа, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.