Гутереш: Иран да се воздржи од сила и да спроведе истрага

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш го повика Иран да се воздржи од употреба на „непотребна и непропорционална сила“ против демонстрантите кои протестираат поради смртта на една млада жена откако беше приведена, изјави денеска неговиот портпарол Стефан Дијарик.

Loading...

Гутереш смета дека иранските власти треба брзо да спроведат непристрасна истрага за смртта на Махса Амини (22), која беше уапсена поради неправилно носење хиџаб, по што падна во кома и почина на 16 септември.

Протестите за нејзината смрт се проширија од 17 септември во најмалку 46 градови и села во Иран, при што најмалку 41 лице загинаа, а околу 900 беа повредени во судирите меѓу демонстрантите и безбедносните сили.