Групна тепачка во Куманово. Малолетничка избола полицаец

Сподели со своите пријатели

Шест лица од Куманово биле приведени по групна тепачка во центарот на градот, при што малолетничка избола полициски службеник,

Loading...

– На 29.07.2024 во 21.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.Б.(30), Р.И.(41), Д.М.(23), Ф.А.(30), И.Б.(38) и Џ.С.(40), сите од Куманово, затоа што по претходна расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во пресметката се вклучила и една малолетничката која употребила остар предмет со кој повредила полициски службеник при обид да интервенира.

– Лицата биле задржани во полициска станиca и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Никола Ивановски