Груевски жали што Заев го злоупотребува Младенов во политички цели (видео)

Сподели со своите пријатели

По објавувањето на материјалите за истрагата за несреќата во која загина новинарот Никола Младенов од страна на СДСМ, премиерот Никола Груевски во својата изјава дадена за СИТЕЛ, вели дека му е многу жал што Заев повторно ја злоупотребил трагичната смрт на новинарот Никола Младенов во политички цели.

Loading...

– Но, еве, денеска последно излезе со обид за манипулација со чувствата на јавноста, чувствата на неговото семејство, но кога веќе тоа го прави би сакал да истакнам дека единствено што можам да кажам е дека можам да му се заблагодарам на Заев што иако колку и да се трудел да ги монтира, да ги сече и да ги лепи овие материјали, сепак е сосема јасно дека власта немала никаков удел во трагичната смрт на Никола Младенов, рече тој.

Овие разговори , рече, какви и да се и колку и да се креирани, покажуваат дека сите оние шпекулации и сите оние теории на заговор дека било нешто наместено, дека му била искреирана сообраќајна несреќа, затоа што бил критички кон власта, сите тие шпекулации и местенки, посочи Груевски, со кои не беше лесно да се живее две години.

-Ние две години живееме со тука и таму, јавни и полујавни шпекулации и теории на заговор дека нешто му се случило на него од страна на власта и дека ние веројатно и можеби нешто слично сме направиле за тој така да заврши, вели Груевски.

 

https://www.youtube.com/watch?v=OXRqO9t3ixE

 

 

Leave a Reply