Груевски: Бомбите за нас се животна лекција

Сподели со своите пријатели

Со едночасовен говор проследен од 560 делегати, во Куманово во НУ Центар за култура ”Трајко Прокопиев”, започна 15 – тиот дводневен конгрес на владеачката ВМРО ДПМНЕ. На првиот ден од конгресот се очекува лидерот на партијата да даде отчет за сработеното, додека утре се очекува и негово гласање за старо нов претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Loading...

Во своето обраќање,  Никола Груевски, најави многу реформи во државата, но и реформи во сопствениот тим, изјавувајќи дека и покрај тоа што е задоволен од сработеното, на партијата и е потребно своевидно ”проветрување” на третиот ешалон, најавувајќи го бранот на промени како ”Нов бран 2015”.

 – Тимот што победува не се менува, но дел од играчите, кои се замориле, треба да се одморат некое време, рече Груевски.

Во обраќањето, Груевски неминовно се осврна и на „бомбите“ на Заев кои според него,  дополнително ги созреале и ги направиле посилни и поспособни.

– Едноставно „бомбите“ дополнително не созрееја, некои поединци и ги отрезнија, и не направија посилни и посбособни за поуспешно и поконцетрирано да продолжиме да му служиме на народот и на татковината. Од една подолгорочна перспектива, би рекол, дури и ако ги немаше некој требаше да ни измисли нешто што ќе не поттикне, за да ни помогне во услови на вака слаба опозиција. Само така ќе бидеме и поуспешни и подолгорочно токму ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води и развива Македонија. Ова е за нас, за сите нас, корисна лекција. Животна, не толку политичка.  Подобро ваква лекција сега, подобро скокање во ладна вода сега додека не сме се опуштиле премногу,  одколку да подолжеше опуштањето и на крај со  ладен  туш од граѓаните на следните избори да не изненадат. Така да од еден таков агол, мислам дека, колку и да тоа изгледа чудно да се каже сега, ние гледано од чисто партиски аспект,во некое идно време на Заев и на странската служба зад него која го снабдила со вакво оружје и го ставила во своја функција, значи потенцирам само од партиски аспект,  ќе им бидеме благодарни, посочи Груевски.

Сето тоа, според Груевски, дополнително ги мобилизира и ги прави посилни.

– Еден познат филозоф вели дека во најголемото патење се прават и најголемите успеси и поместувања. Затоа што тогаш човек станува најмобилизиран и најкреативен. Најбрзо мисли, и најмногу создава. Се бори  посилно. Тоа е природна појава кај човекот, и нормално и кај нас. Затоа е важно да се има силна опозија, истакна Груевски, кој додаде дека опозоцијата, за жал е не е силна, туку  безидејна и деструктивна.

За време на првиот ден на конгресот, освен присуство на сите поголеми медиумски куќи кои од рано изутрина пристигнаа во Куманово, видно е и зголеменото присуство на полицијата и инспектори на МВР кои се распоредени низ централното градско подрачје.

Loading...

Вториот ден од конгресот продолжува утре кога партиските делегати ќе гласаат за единствениот кандидат, односно за Никола Груевски откако неофицијално беше истакнато дека до петок, немало останати поднесени кандидатури.

Фото: Утрински весник

Leave a Reply