Собранието на Македонија на денешната седница треба се изјасни за предлогот на премиерот Никола Груевски за избор на нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски, откако синоќа Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски поднесоа оставки. Синоќа оставка поднесе и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.
Во својот говор на почетокот на седницата, премиерот Груевски истакна дека овие министри досега биле пример за раководење на тешки позиции и работливост.
– Се работи за личности кои дадоа огромен личен влог, во разојот стабилноста и безбедноста на државата. Јанкулоска и Мијалков беа осум години на многу ризички и тешки за раководење позиции. Покажаа професионалност и патриотизам, смиреност, неверојатна лојалност кон државата и секогаш да застанат под браникот на татковината. Под нивно раководство граѓаните видоа како на најсложените и најкомплицираните предизвици како и последната успешна акција во Куманово, тие секогаш цврсто стоеа зад интересите на македонскиот народ, но и заштитата на безбедносните сили на Македонија. Тие се бореа за нив, а не праќаа насилници да ги навредуваат.
Тие заслужуваат почит и за нивната крајна цврста одлучност за справување со криминалот и корупцијата.мНесомнено, нивното делување во овој правец ги доведе во ситуација да е трн во окото на секој криминалец. На тој план секојдневно расте бројот на нивни непријатели и противници, но беа одлучни во намерата да го исполниме она што им го ветивме на граѓаните а тоа е силна и непоколеблива борба против криминалците. МВР стана страв и трепет кај сите криминални групи. Секако дека сите нивни соработници дадоа огромен допринос, но сите знаеа кој го презема ризикот за секоја крупна акција, истакна премиерот Груевски.
Груевски додаде дека дел од акциите кои ги спровеле Јанкулоска и Мијалков ќе влезат во учебниците како пример за идните генерации, а благодарение на посветеноста на Јанакиески, градежништвото придонело најмногу за целокупниот раст на целата економија.
-Миле Јанакиески е министер- фанатичен работник, неверојтно брз, човек кој помагаше секаде каде ќе стигне. Многу ќе ни недостига во Владата , работеше по 15 часа дневно и не се штедеше ни за празници…Растот на градежништвото беше предводник во целокупниот раст на целата економија. Покрај неговите закнски обврски тој беше најактивниот министер во кризни ситуации во државата, независно од поплави, пожари, снежни наноси, Миле Јанакиески секогаш беше на чело, вели Груевски.
Премиерот Груевски за нов министер за внатрешни работи го предложи Митко Чавков, сегашен директор на Бирото за јавна безбедност, а за нов министер за транспорт и врски Владо Мисајловски, директор на Јавното претпријатие за патишта.
Извор: НОВА ТВ