Грција: Заканата на Ердоган со балистички ракети е неприфатлива

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас денеска оцени дека е неприфатливо претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган да се заканува со балистички ракети дека ќе ја нападне Атина.

Loading...

Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива, изјави Дендиас во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија.

– Пристапот на Северна Кореја не смее да влезе во НАТО, рече Дендиас, пренесува АП.

Ердоган во саботата рече дека Турција почнала да произведува балистички ракети со краток дострел Тајфун, кои ги „престрашуваат Грците“.