Од денеска Грција е земја во банкрот без програма за финансиска помош, а последиците врз нејзината економија ќе бидат огромни, јавував дописникот на МИА од Атина.
Атина вчера не успеа да ги плати обврските кон Меѓународниот монетарен фонд во вредност од 1,6 милијарди евра и кон Банката на Грција во вредност од 472 милиони евра, што значи двоен банкрот на долговите кон Фондот и централната банка, иако ММФ ситуацијата не ја опиша со тие зборови.
Само помал дел од 240 милијарди од “програмата за помош”, односно кредитите, кои Грција во 2010. и 2012. година ги добила од меѓународните институции, биле потрошени на ублажување на последиците од финансиската криза од 2008. година, и за реформските програми, пишува Guardian.