Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Грција ќе учествува во обуката на украинските пилоти за управување со борбени авиони Ф-16.
„Грција ќе учествува во обуката на нашите пилоти Ф-16. Благодарен сум за ова“, рече Зеленски вчера на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, пренесува Ројтерс.
Мицотакис изјави дека Грција „безрезервно ја осудува“ руската инвазија, како и дека никогаш нема да ја признае нелегалната анексија на украинска територија.
„Ние сме против кршење на меѓународното право и сме против каква било нелегална окупација“, изјави грчкиот премиер.
На прес-конференцијата Мицотакис и Зеленски потпишаа заедничка изјава за евроатлантската перспектива на Украина.
Вчера Данска и Холандија објавија дека ќе испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Танјуг.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.