Грција го регистрира првиот случај на мајмунски сипаници

Сподели со своите пријатели

Во Грција е регистриран прв случај на инфекција со вирусот на мајмунски сипаници, покажуваат првичните резултати на националната здравствена агенција ЕОДИ.

Станува збор за пациент кој неодамна патувал во Португалија, пренесува Ројтерс.

Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, извести ЕОДИ.