Грант Шапс, новиот министер за внатрешни работи на Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Британската премиерка Лиз Трас го назначи Грант Шапс за нов министер за внатрешни работи.

Loading...

Кабинетот на премиерот соопшти дека Шапс е именуван на функцијата од која поранешната министерка Суела Браверман поднесе оставка.

Во кабинетот на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, Шапс ја извршуваше функцијата министер за транспорт.

Браверман поднесе оставка во попладневните часови среде се погласните критики за работата на британскиот премиер Трас поради пресвртот во главните политики што ги најави пред неколку недели и разрешувањето на шефот на Министерството за финансии Кваси Квартенг.

Браверман, наводно, поднела оставка поради специфичен инцидент со погрешно споделување чувствителни информации преку нејзиниот личен телефон, а од неа било побарано да поднесе оставка поради кршење на министерскиот код.