Во Шебекин од гранатирањето се запалил хостел, изјави на својот телеграмски канал гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков, а на социјалните мрежи беа објавени драматични снимки.
„Опожарена е зградата на студентскиот дом од директен удар на граната, а уништување има и во управната зграда. Во градот нема светлина“, се наведува во соопштението.
Според шефот на регионот, вооружените сили на Украина од раните утрински часови го гранатираат регионот на Белгород.
Гладков ги демантираше гласините кои кружат на социјалните мрежи дека едно лице загинало, а две се повредени кога граната удрила во автобусот.
Претходно денеска тој рече дека локалните власти се занимаваат со прашањето за евакуација на жителите во безбедни подрачја, но дека тоа може да се направи само откако ќе заврши гранатирањето.
Шебекин се наоѓа на околу четири километри од границата со Украина, таму живеат околу 40 илјади луѓе.
В центре Шебекино горит пятиэтажное здание, кадры публикуют очевидцы в соцсетях
Как пишут местные жители, это общежитие, недалеко от которого находится районная администрация. pic.twitter.com/gkiFaNJNyl
— Газета.Ru (@GazetaRu) June 1, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.