Вкупно 43.56о регистрирани гласачи – жители на Општина Центар, денес ќе можат да го дадат својот глас на референдумското прашање „Дали сте за тоа да се задржи автентичниот изглед на фасадата на Градскиот трговски центар?“.
Во процесот на набљудување на изборите, вклучени се вкупно 597 набљудувачи – од Државната избора комисија, МОСТ, Цивил, ОБСЕ и други невладини организации. Државната изборна Комисија претходно соопшти дека во избирачкиот список се регистрирани 43. 560 гласачи, што е за околу 750 гласачи повеќе од последните организирани избори. За да биде успешен, на референдумот треба да излезат половина од запишаните гласачи, односно 21.781 избирач, а за да се сочува автентичниот изглед на ГТЦ, повеќе од половина од нив треба да одговорат со „ЗА“ на референдумот.
Според анкетите, осумдесет проценти од граѓаните во Центар ја поддржуваат можноста за референдум и веруваат дека и тие треба да бидат вклучени во одлучувањето. Поддршка за овој референдум има и од 17 невладини организации, како и од Студентскиот пленум.
Средствата за распишување на тендерот се обезбедени од буџетот на Општината. Градоначалникот Андреј Жерновски вели дека за референдумот се потребни од два до три милиони денари и дека овие пари се веќе испланирани со буџетот за 2015 година.