„Графити фест” се одржа во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Десетмина уметници од државата денеска цртаа графити на манифестацијата „Графити фест” која се одржа во Куманово, во близина на средното училиште „Перо Наков”.

Loading...

 

 

Ова е трет фестивал кој годинава се одржува со поддршка на Општина Куманово преку Секторот за култура и спорт.

 

 

Loading...

– Го поддржуваме овој настан, сметам дека овој дел од градот ќе добие убав лик и младите ќе можат да се дружат, секако со почитување на мерките, изјави кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

 

 

Раководителот на општинскиот Сектор за култура и спорт Цоки Ристовски вели дека иницијативата потекнала од станарите и од уметниците, а општината и неколку приватни компании учествуваат со финансиска поддршка на фестивалот. Од годишната програма за оваа манифестација одвоени се околу 100.000 денари.

 

 

Loading...

Младен Трендевски, еден од организаторите и уметник, смета дека на овој начин Куманово добива современ, урбан лик.

 

 

Горан Стојанов од организаторите истакна дека самите станари побарале овој комплекс да се разубави со графити.

 

 

Loading...

Организаторите очекуваат фестивалот да продолжи да се развива идните години со учество на уметници од државата и странство.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

Leave a Reply