Според најновите информации од терен, потачно од обиколката која ја направивме во околината на Куманово, тоа што се забележува е дека градот е празен, а во позадина за време на обиколката се слушнаа два поединечни истрели. Полицијата сеуште ги држи блокирани сите улици и приоди кои водат кон населбата “Тоде Мендол”, со контрола на возила пред кумановската општа болница од каде беше забележано амбуланто возило со ротациони светла кое се упати во правецот кон излез на Куманово но по стариот пат за Скопје.
Loading...
Во обиколка кон кумановската патарина нема фрекфенција на автопатот Куманово – Скопје, и од височина се гледа дека чадот во “Тоде Мендол” сеуште се издига над градот.