Градоначалникот на општина Куманово и гостите од збратимените градови утринава разменија подароци во општинските простории и го одбележаа празникот на градот.
[huge_it_gallery id=”227″]
На самата средба Дамјановски перд гостите истакна дека се гордее што стои на чело на општината кој успеа да се справи со безбедносните предизвици од годината што изминува.
Дамјановски се заблагодари на несебичната подршка на збратимените градови: Чукарица, Чорлу, Никшиќ Кампина и Солун, особено по безбедносниот конфликт од мај годинава и притоа им врачи сувенири од општината во знак на почит и благодарност.
Од друга страна средбата е искористена за меѓусебно зближување со претставниците на збратимените градови, од кои прв пат оваа година и со заменик градоначалникот на Солун.
Претставникот на оштината Чукарица, Лилјана Илиќ истакна дека градот посебно не се менува, но е убав.
Доста е стар и целина при што делуваат како старини и раритети и тоа ми се допаѓа. Имате допра кујна и весели луѓе и тоа е повеќе од добро – истакна претставничката на општина Чукарица.
Илиќ истакна дека со претставниците на збратимените градови се разговарало на проширување на соработката помеѓу жените од овие општини.