Градоначалникот Димитриевски обезбеди лаптоп компјутери за Мите и Катерина

Сподели со своите пријатели

По денешната сторија на „ВидиВака“ во која е раскажана сиромашната и тешка животна приказна за средношколците Мите и Катерина Драгишевски од кумановското село Стрновац, и фактот дека немаат компјутер од кој би ја следеле онлајн наставата, веднаш реагирал градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

Loading...

 

 

Градоначалникот денеска од лични и средства на дел од вработени во општината купил два лаптоп компјутери, кои ќе им бидат доставени на децата за користење во наставата веќе во понеделник.

– Лаптопите веќе се набавени и дадени на инсталирање и на децата ќе им бидат врачени веќе во понеделник. Дополнително ќе ја разгледаме можноста за обезбедување и интернет конекција, изјави градоначалникот Димитриевски.

Целата сторија за семејството можете да ја погледнете во видеото подолу:

 

Loading...

Leave a Reply