Градинката „Ангел Шајче“ промовираше дефектолошки кабинет, ќе се аплицира и за изградба на градинка во Зелен Рид (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дефектолошки кабинет, наменет за дополнителна образовна поддршка на децата, беше промовиран денеска во објектот „Пчелка“ на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ во Куманово, при посетата на градоначалникот Максим Димитриевски и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски.

 

 

Кабинетот е специјално опремена просторија наменета за стручните соработници и наставниот кадар, а е реализиран со сопствени средства на градинката. На настанот присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Куманово и пратеници во Собранието.

 

 

Ваков кабинет за инклузија на децата веќе функционира и во објектот „Синоличка“, со што се прошируваат можностите за стручна поддршка во рамките на предучилишното воспитание и образование.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Родителите на лицата со попреченост во Куманово бараат статус родител-негувател (ВИДЕО)

 

 

За време на посетата, министерот Велковски информираше и за можноста за изградба на нова градинка во населбата Зелен Рид, посочувајќи дека документацијата за проектот сега е комплетирана и дека е отворен повик за поддршка на капитални инвестиции.

– Отворен е повикот во Министерството за програмата за поддршка на капиталните инвестиции, така што градоначалникот сега ќе аплицира заедно со Советот на Општина Куманово, а понатаму постапката ќе ја преземе Министерството за социјална политика, демографија и млади“, изјави Велковски.

 

 

Дефектолошкиот кабинет е реализиран со сопствени средства на градинката.

На настанот беше организирана и кратка музичка приредба, на која децата од градинката се претставија со есенска кореографија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец ги нападнал сестрата и таткото, полицијата го привела

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски