Град во Индија почна да тоне поради непланска градба, жителите евакуирани

Сподели со своите пријатели

Во градот Џошимат во северна Индија, некои жители беа евакуирани откако во последните неколку недели се појавија алармантни пукнатини во нивните домови.

Loading...

Досега речиси 600 луѓе од 145 семејства се преместени од своите домови во училишта и хотели, откако се појавија пукнатини во повеќе од 750 згради во градот со 20.000 жители.

Индиската организација за истражување на вселената објави дека градот потонал за 5,4 сантиметри за 12 дена, помеѓу 27 декември и 8 јануари.

Аншу Рават била во длабок сон на 3 јануари кога слушнала силен звук.

Отпрвин била убедена дека сонува, но кога вревата станала посилна, решила да провери што се случува. Надвор, таа била сведок на хаос.

Луѓето во паника трчале наоколу, а некои во рацете ги носеле своите деца завиткани во ќебиња, пишува Би-Би-Си.

Имало гласини дека хотелот во близина се урнал, но нејзиниот сопруг излегол да провери и открил дека хотелот останал недопрен.

Но, нивната куќа претрпела оштетувања, се појавиле пукнатини на ѕидовите и терасата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФБИ отвори истрага за уривањето на мостот во Балтимор

Зашеметена и збунета, 27-годишната Аншу ја грабнала својата шестмесечна ќерка и се упатила кон покривот, заедно со нејзиниот сопруг и другите роднини.

„Беше болно да ја напуштам куќата“

„Носев апостолки и немав волнена капа за покривање на главата. Мојата ќерка имаше само јакна и плачеше цела ноќ“, опишал Аншу како изгледала таа ноќ.

Кога дошло утрото, тие решиле да ги соберат сите свои работи и да се иселат од нивната пространа куќа со девет соби.

Петчленото семејство сега живее во привремено засолниште, пренаселено еднособно сместување, обезбедено од локалната власт.

Во привременото сместување имаат плинска боца, некои садови и неколку кревети каде што некои членови на семејството спијат ноќе.

 

 

Loading...

Сопругот и братот на Аншу спијат на подот. Семејството се прашува дали некогаш ќе можат да се вратат дома.

„Беше болно да ја напуштам куќата. Агонијата од губење на домот не може да се објасни“, вели Аншу.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Емирот на Кувајт назначи нов премиер

Експертите тврдат дека градот е во опасност да потоне поради непланската градба и немањето соодветен систем за одводнување.

Сѐ уште не се знае колку евакуирани семејства ќе треба да останат во привремено сместување. Надлежните потенцираат дека за сега приоритет им е спасувањето животи.

Дел од населението преку ден престојува во оштетени куќи

„Ако има преместување во Џошимат или на кое било друго место, ќе разговараме со сите заинтересирани страни, но го забрзуваме процесот и ќе се погрижиме тоа да се направи што е можно побрзо“, рече окружниот судија Химаншу Курана.

На жителите не им е лесно да ја напуштат својата куќа, имотот и добитокот без надзор.

Некои жители остануваат во своите куќи преку ден за да готват и да се грижат за добитокот, пред да се вратат во своите привремени живеалишта навечер.

Тоа е депресивна рутина и луѓето чувствуваат носталгија и загриженост за иднината. Се грижат каква помош ќе добијат од државата и бараат писмена гаранција од Владата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приходите на Ериксон нагло паднаа

„Водоснабдувањето е нередовно“

„Пазарната цена на нашата куќа е 8 милиони рупии (98.431 долари). Ако добиеме пари од владата, ќе можеме да се движиме каде сакаме“, истакнува Аншу.

Хемлата Рават, која живее во соседството со нејзиниот син, била принудена да ја напушти својата 18-годишна куќа со 10 соби, изградена од нејзиниот покоен сопруг.

Таа однела два кревети, две гардероби, софа и неколку садови во кампот.

„Тешко е кога ја напуштате удобноста на вашиот дом. Сакавме нашите деца и внуци да растат таму“, вели Хемлата.

Таа се надева и дека државата соодветно ќе и ја надомести загубата, за да може семејството да се пресели на место кое им се допаѓа.

Евакуираните жители се жалат на квалитетот на достапните капацитети во прифатилиштата.

Loading...

Мандодари Деви рече дека водоснабдувањето е нередовно и дека и е премногу студено.

Надлежните велат дека прават се за да им овозможат на жителите удобен престој.

На Мандодара ѝ недостасува топлината на својот дом, каде неодамна поставила нови плочки во бањата.

„Но, сега изгледа залудно“, заклучува тој.