Најмалку 18 лица се повредени, меѓу кои и една трудница, во невремето проследено со град со големина на портокали, кое го зафати италијанскиот град Пескара.
Loading...
Повредените се однесени во градската болница, а трудницата добила повреди на лицето и главата. Останатите повредени се здобиле со повреди на главата.
По бурата во пескара, улиците во градот биле претоврени во реки на неколку локации. Во центарот имало над 10 сантиметри вода, а на ридот над градот напукнал и патот.
Ново невреме се подготвува за јужна и југоисточна Европа, со обилни врнежи и бура ноќта меѓу среда и четврток.
Големо невреме имаше и во Шпанија, а на Халкидики во Грција шест лица го загубија животот.
фото: Twitter printscreen