Горан Димитријевиќ нов тренер на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Горан Димитријевиќ се враќа на тренерската позиција во Кошаркарскиот клуб Куманово и ќе го предводи клубот во борбата за излез од Втората лига сезонава.

Loading...

Помошник тренер ќе му биде Тино Шаботиќ кој воедно и ќе биде дел од играчкиот состав на клубот.

Димитриевиќ е еден од најискусните тренери во Куманово, а токму под негово водство клубот стана шампион во Втора лига во сезоната 2009/10 и уште две години успешно го водеше клубот во македонската и во балканската БИБЛ лига.

Како што информираше претседателот на клубот Виктор Божиновски, клубот ќе е составен од играчи од Куманово и Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

– Сега екипата е целосно комплетирана. Во меѓувреме потпишани се 14 договори со играчите,  останува да финализираме уште со двајца. Сите играчи се од Куманово и Скопје, изјави Божиновски.

Натпреварите започнуваат во сабота, кога во првото коло КК Куманово му гостува на Мега Баскет во Скопје, додека домашните натпревари ќе се играат во спортската сала на СОУ „Перо Наков“.

Според Божиновски, надминати се финансиските проблеми во клубот, и вели дека очекува клубот веќе следната сезона да се врати во врвната Прва лига.

Никола Ивановски

Loading...