18.04.2015 12:38

Големи грешки кои ги правиме кај сушење коса со фен


За успешно сушење на косата најважно е да се познава текстурата на сопствената коса. Потоа на ред доаѓа и правилно користење на производите за нега на коса. Комбинацијата на овие два фактори доведува до фризура со која ќе бидете задоволни, но во постигнување на совршен резултат можат да ве спречат грешките кои често ги правиме код сушењето.

1. Прерано ја сушиме косата
Многу од жените почнуваат да ја сушат косата веднаш штом завршат со туширањето, но важно е пред сушењето да ја отстраните водата од косата. Прво добро истискајте ја со рацете, а потоа замотајте ја во пешкир кој ќе го собере остатокот од водата.

loading...

2 Почнуваме со сушење на тилот
Секогаш почнувајте со предната страна на главата па потоа полека движете се кон задната страна. Така полесно и порамномерно ќе ги израмните влакната кои се наоѓаат во линијата на косата, а кои често излегуваат од линијата и ни ствараат проблеми со своjата “издаденост.”

sunjese2

3. Погрешно ги нанесуваме производите за коса
Не ги распоредуваме рамномерно регенератите, балзамите за порамнување или нагласениот волумен. Кај нанесувањето на овие производи обавезни избегнувајте го подрачјето околу вратот и “задржете” се на долниот дел од должината на косата. Косата можете да ја поделите на неколку делови па на секој од нив темелно да нанесете од посакуваниот производ. Исто пазете да не Ве понесе нивниот убав мирис и текстура па да не нанесете премногу.

4. Користиме фенови со лоши квалитети
За добар реултат потребен Ви е и добар фен. Поради тоа инвестирајте во поквалитетни модели кои имаат поголема сила и не прегрејуваат брзо. Правиот фен мора да стои добро во раката и не смее да биде претежок.

5. Ја стилизираме косата со погрешна четка
Ако сакате повеќе волумен немојте да ги користите преголемите четки. Обавезно бирајте ги помалите чести бидејќи со нив ќе добиете подоабр волумен на фризурата. За порамнување набавете квалитетна густа округла четка. Заедно со правилен притисок во текот на фенирањето, таа без проблем ќе ги скроти Вашите локни.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments