Голема поплава во Гранд Кањон. Спасија 100 луѓе, пронајдено тело на планинар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вчера, покрај реката Колорадо беше пронајдено телото на планинарот кој исчезна за време на поројните поплави во националниот парк Гранд Кањон.

Loading...

Властите започнаа операција за спасување на повеќе од 100 луѓе за време на поплавата.

Операциите за пребарување и спасување започнаа во четвртокот кога поплава го зафати планинарот Ченоа Никерсон (33) во паркот Хавасу Крик.

Планинарска група го пронашла нејзиното тело во близина на реката Колорадо.

Националната гарда на американската сојузна држава Аризона во саботата поради опасен порој евакуираше 104 туристи и членови на племето Хавасупаи со хеликоптер UH-60 Blackhawk.

Поплавите беа предизвикани од монсунските бури, а властите во четвртокот ја затворија погодената област и започнаа евакуација.

 

Loading...