Голема експлозија на автопатот кај руски Воронеж (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

По вооружениот бунт на руските платеници Вагнер, руските локални власти сега објавија дека има борби во областа Воронеж на југозападот на земјата, додека во истоимениот регионален главен град гори складиште за нафта, пренесуваат агенциите.

Loading...

„Како дел од антитерористичката операција, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат неопходните оперативни борбени мерки во областа на регионот Воронеж“, напиша гувернерот Александар Гушев на Телеграма во саботата попладне.

„Ќе продолжам да давам информации како што се развива ситуацијата“, рече тој.

Гушев не напиша експлицитно против кого се бори војската во Воронеж.

Сепак, претходно имаше непотврдени информации дека бунтовничките борци на Вагнер зазеле некои воени објекти во тој регион, пренесува dpa.

Воронеж, истоимениот регионален центар, се наоѓа на околу 470 километри од руската престолнина Москва, односно на половина пат до Москва од Ростов на Дон, каде Вагнер веќе ги окупираше воените инсталации.

Во Воронеж – како и во главниот град Москва и поширокиот московски регион – изутрината беше прогласена антитерористичка вонредна состојба.

Гусев, исто така, објави дека службите за итни случаи се обидуваат да изгаснат запален резервоар за гориво во складиште за нафта.

Loading...

На терен се повеќе од 100 пожарникари и 30 противпожарни возила, изјави Гусев на Телеграм, пренесува Ројтерс.

На социјалните мрежи се појави видео од експлозијата на автопатот кај Воронеж.

Станува збор за автопат кој наводно од воздух бил цел на руската армија.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.