Голема акција кај Крит: Околу 85 мигранти пронајдени во два чамци лоцирани од дрон на Фронтекс

Сподели со своите пријатели

Голема операција за лоцирање и прифаќање на околу 85 мигранти беше спроведена во морската област источно-југоисточно од Кали Лименес, на јужниот брег на островот Крит во Грција, соопштија локалните власти.

Според грчката крајбрежна стража, странците биле во два чамци кои биле забележани од дронот на Фронтекс, објавува „Катимерини“.

Според извештаите, патролен брод на крајбрежната стража веднаш бил испратен на локацијата, а сите патници биле успешно симнати од чамците.

Спасените лица се безбедно транспортирани до пристаништето Кали Лименес, каде што се очекува да се спроведат стандардни процедури за регистрација и идентификација, според грчкиот портал.