Голем пожар во селата Руѓинце и Бељаковце (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Денес околу 15.30 избувна пожар на отворено на територијата на Општина Старо Нагоричане во атарот на селата Руѓинце и кумановско Бељаковце.

Loading...

Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане се обидуваат да воспостават контрола над огнот, го обезбедија с. Руѓинце и спречија загрозување на селото.

– И покрај напорите на пожарникарите пожарот и понатаму се шири и најверојатно ќе биде потребна воздушна подршка. Бидејки веќе е доцна за полетување на воздухоплови дадени се насоки да се побара засилување и во текот на ноќта да се обезбеди с. Бељаковце кон кое се движи еден крак од пожарот. Пожарникари од ТППЕ Куманово и Кратово набргу ќе бидат упатени и че дежураат во близина на ова село, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.

 

 

Како што додава тој во текот на ноќта ќе се донесе одлука дали, кога и кои воздухоплови ќе бидат употребени за гаснење на овој пожар.

 

Loading...

Никола Ивановски