Голем пожар во Охрид: 15 лица во болница

Сподели со своите пријатели

Како што јавува Алфа телевизија голем пожар избил во зграда во Охрид. Станарите од зградата во кога изби пожар излезени на тераса, со влажни крпи врз уста очајно викаа барајќи помош.

Loading...

Стравична слика, ужасни мигови кои создоа паника. Мајката која со своите две деца била во станот каде изби пожарот, избезумена, малку недостасувало да ги фрли двете деца преку терасата мислејќи дека така ќе ги спаси. Во зграда која има 40-тина станови, а во овој летен период живеат над 100 луѓе, меѓу кои деца но и многу стари изнемоштени лица, секој бараше начин како се спаси.

Евакуирани беа 100-тината станари од зградата која се наоѓа на улица Туристичка, на влезот во градот каде изби пожар во еден стан, во кој имало жена и две деца.

Пожарникарите извршија мобилизација на целата вертикала од седум спрата во целата зграда каде што пламтеа огнените јазици, внимателно проверувајќи ги сите станови за да не дојде до прошитување на огнот,бидејќи во еден имало и муниција. Екипите на итната медициска помош во болница однесоа 15 луѓе.

Малку недостасуваше да се случи трагедија,пожарникарите не може да пристапат со надворешни скали бидејќи нема постор, а оневозмежени беа да ги евакуираат станарите со специјални корпи бидејќи сите терасите ги заградиле, претворајќи ги во летни кујни .Многумина од станарите кои во моментот на пожарот не биле дома, уплашени ги бараа, прашувајќи во која болница им се згрижени најблиските.