Голем пожар во Малотино, гаснат хеликоптери, ЕБР и армијата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голем пожар од вчера гори во селото Малотино во општината Старо Нагоричане, а утринава се гасне со сите сили.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи тој пожар се шири кон Козјачијата.

 

 

Вчеравечер се спасени куќите да не изгорат. Теренот е многу тежок за гаснење, нема пристап за возило, а отежнувачка околност е и силниот ветер.

Гори голема површина на сува трева и нискостеблеста деградирана шума.

 

 

Од утринава на терен се два полициски хеликоптери, припадници на Единицата за брзо распоредување и Армијата.

– Активно сме присутни од вчера од 11 часот, противпожарната единица, од јавното комунално претпријатие од Македонски шуми и имавме поддршка од Ранковце. Има изгорена стари напушени куќи, не ја знам бројката. Цела противпожарна единица е на терен имаме поддршка со два хеликоптери, од ЕБР 30 луѓе и припадници на армијата, зафатена е површина на целиот Козјак, информираше утринава в.д. градоначалникот на Старо Нагоричане Бобан Цветановски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово со кривични за 11 лица поради малверзации со увоз и регистрација на возила

 

 

Пожарот кој гореше во селото Руѓинце вчера е изгаснат.

 

Никола Ивановски