Голем пожар во кинески трговски центар во Белград: Го гаснат 50 пожарникари и 3 хеликоптери

Сподели со своите пријатели

Пожарот што избувна нешто пред седум часот утринава во кинескиот трговски центар во Нов Белград не стивнува, а според неофицијални информации нема повредени.

Loading...

Пред запалената зграда има голем број сопственици на дуќани, а одвреме навреме се слушаат и експлозии, а се сомнева дека се работи за плински боци, кои ги има во изобилство во кинескиот трговски центар.

Хеликоптерската единица цело време се бори со огнот, а пламените јазици значително се намалија.

Првиот кат од кинескиот трговски центар е целосно уништен, а проблем со гаснењето на пожарот предизвикува тоа што во објектот има многу запаливи работи – опрема, пиротехника и слично.

Лука Чаушиќ, началникот на Секторот за вонредни состојби помош на МВР, изјави дека ситуацијата е сложена.

„Хеликоптерите во основа ја намалуваат температурата за да можат членовите на МВР да се приближат уште повеќе и да реагираат поефикасно. Добивме дојава во 6:57 часот, по две-три минути пристигнаа првите единици. Ваквите згради се полни со запаливи материјали, пожарот веќе беше во фаза на разгорување, сега се обидуваме да го пресечеме огнот од задната страна“, рече Чаушиќ.

На терен се повеќе од 50 пожарникари

Дојава за пожар е добиена во 06:57 часот дека кинескиот трговски центар на ул. „Јуриј Гагарин“, Нов Белград.

Од Нови Београд, Земун, Кошутњак, Вождовац и Звездара се испратени вкупно 46 пожарникари-спасувачи со 13 возила.

Loading...

Потоа беа испратени повеќе пожарникари.

На терен моментално има 51 пожарникар и спасувач со 15 противпожарни возила.

Интервенцијата се уште е во тек.